Пазарот растура и сé повеќе луѓе (во светот) се спремни да потрошат и по 200 долари за „hi fi“ пар слушалки.
Но, дали вредат за парите?
Не, според студијата објавена во Journal of the Acoustical Society of America. Истражувачите велат дека не нашле забележлива (мерлива, поточно) разлика меѓу евтините и „фенси“ слушалките.
Притоа, се покажало дека цената нема корелација со распонот на фреквенција на слушалките, било да се работи за мали кои се ставаат во увото, било да се работи за оние „вокменските“ што се ставаат преку главата.
Единствената разлика што кореспондира со цената е тоа што поскапите слушалки обично нудат малку подобар бас. Ама тоа е сé.
Сопствениците на скапи слушалки сигурно ќе имаат приговори и што да кажат во нивна одбрана. Од една страна, за да се оправдаат за залудно потрошените пари. Од друга страна, зашто може и да се тотално во право, бидејќи ова истражување и конкретните направени мерења се спроведени со машини. Резултатите можеби би биле поразлични ако слушалките беа тестирани на луѓе, т.е. оценувани од човечко уво. Во спротивно, заклучокот е тој – џабе парите.