Скандалот „Нобелови награди“

Започнува сезоната на Нобеловите награди.

Од денеска (5-ти октомври) натаму ќе биде избрана група научници, писатели, економисти и луѓе кои работат за светскиот мир, кои ќе добијат телефонски повици во чудни часови, со цел да бидат информирани дека ќе добијат една од најпрестижните награди во светот.

Од 1901 до 2014 година биле доделени 567 Нобелови награди, вклучувајќи ги и оние на Алберт Ајнштајн, Марија Кири, Нелсон Мандела, Ернест Хемингвеј… Наградите имаат многу долга историја – доволно долга за да изобилуваат со драми и скандали.

obamanobel

Зошто Нобеловите награди се толку важни?

Никој не може да утврди зошто Нобеловата награда е многу позначајна од сите други награди. Веројатно затоа што постои повеќе од еден век, или затоа што самата награда – приближно 1 милион долари – е толку голема.

Историјата е добро позната. Швеѓанецот Алфред Нобел – хемичар и инженер, го измислил динамитот,  се збогатил и пред својата смрт во 1896 година направил дотогаш нешто невообичаено: вложил околу 260 милиони долари за награди за различни научни и културни достигнувања на луѓе и организации низ целиот свет. Така се појавиле Нобеловите награди.

Како се одлучува кој да ги добие?

Нобеловите награди се доделуваат во пет категории: физика, хемија, физиологија или медицина, литература и мир. (Наградата за економски науки, основана во 1968 од Шведската централна банка, формално не е Нобеловата награда, но е награда во чест на Алфред Нобел.)

Нобеловците треба да се живи, и Нобелова награда не може да ја делат повеќе од три лица. Нема ограничување колку награди може да добие еден човек. Носител на наградата можат да бидат и организации. (Пример Високиот комесаријат за бегалци на ОН добивал бројни Нобелови награди.)

Нобеловите комитети канат илјадници луѓе секоја година да номинираат потенцијални носители на наградата. Архивите на номинациите се чуваат во тајност 50 години, по што се објавуваат. Тоа значи дека можете да ги разгледате архивите на номинациите и да дознаете кој кого предложил во минатото.

На пример, Френклин Делано Рузвелт бил номиниран 5 пати, а тој самиот номинирал два пати друг човек. Напоменуваме дека тој и државниот секретар Хул се именувале меѓусебно истата година. Рузвелт никогаш не станал нобеловец, но Хул добива Нобелова награда за мир во 1945 за учество во создавањето на ОН.

hull_postcard

Што добиваат победниците?

Подоцна оваа година, победниците ќе заминат во Стокхолм, ќе присуствуваат на свечената церемонија, ќе се состанат со шведското кралско семејство и ќе добијат диплома, масивен златен медал и потврда дека ги добиваат парите од наградата. Оваа година наградата изнесува 8 милиони шведски круни (приближно $ 965 000) и може да биде поделена на еден до тројца луѓе.

Интересно е тоа што нобеловата награда за мир се доделува на индивидуален настан во Осло, Норвешка. Алфред Нобел никогаш не објаснил зошто сака одредени награди да се врачуваат од Швеѓаните, а онаа за мир – од Норвежаните.

Кои се најголемите скандали околу Нобеловите награди?

Наградата за литература многу често е контроверзна. На пример многу реномирани писатели како Владимир Набоков и Џејмс Џојс никогаш не освоиле, а некои одамна заборавени автори се нобеловци.

Правилото дека не повеќе од три лица можат да делат Нобелова награда, доведе до некои сериозни скандали во научните кругови, особено во области кои бараат соработка меѓу многу луѓе. Не е невообичаено некој да биде прескокнат. Физичарот Марк Џексон има подготвено доста сериозна листа на луѓе кои биле лишени од награда поради ова правило.

Нобеловата награда за мир е веројатно најконтроверзниот Нобел од сите – и не само затоа што Махатма Ганди никогаш не ја добил.

maxresdefault

Зошто Нобеловата награда за мир секогаш е толку спорна?

Речиси секогаш има спорови и скандали околу Нобеловите лауреати за мир – донекаде, бидејќи изборот им е премногу политички. На пример, некои политичари добиваат награда за одредени мировни дејствија, но потоа војуваат, што ја прави наградата самата по себе контрадикторна.

Во 2009, колумнистот на New York Times за етички теми Ренди Коен коментира дека “наградата треба да биде поништена во екстремни случаи, кога нејзин претходен добитник постапил спротивно на вредностите кои му ги наметнала наградата.“ Тој нуди неколку недостојни носители, вклучувајќи ги Тиодор Рузвелт, Хенри Кисинџер и Јасер Арафат. (Според правилата на Нобеловите награди, наградата не може да биде одземена.)

Несомнено најконтроверзниот Нобелов лауреат во блиското минато е Барак Обама во 2009, “за исклучителните напори за зајакнување на меѓународната дипломатија и соработка меѓу народите.” Обама се уште беше во првата година на својот мандат, и многумина тогаш тврдеа дека наградата му се доделува премногу рано. Покрај тоа подоцна тој се вклучи во доста конфикти и кампањи за воздушни напади преку дронови.

arafat-remains-390x285

Можат ли покојници да бидат нобеловци?

Не. Во 1974, Нобеловата фондација ги промени правилата, па наградите не можат да се даваат постхумно. Ова правило предизвика многу контроверзии, најмногу затоа што се потребни децении за да се утврди дали активностите на одреден човек имале доволно сериозен ефект, за да заслужуваат Нобел.

Правилото понекогаш доведува до непријатна ситуација. Во 2011 година, раководството на Нобеловата фондација соопшти дека ќе му даде награда за физиологија или медицина на Ралф Стајнман, по што дозна дека тој починал три дена порано.

Наградата на Стајнман беше за откритието на нов тип имунолошка клетка, направена неколку децении порано. На крајот на својот живот, откако му беше дијагностициран рак на панкреасот, тој создаде и тестираше експериментална терапија со дендритни клетки врз себе, која веројатно го продолжи неговиот живот за околу четири години (повеќето луѓе со рак на панкреасот умираат за не повеќе од година). За жал тој не живееше доволно долго за да му биде врачена Нобеловата награда.

Сепак Фондацијата одлучи да му ја даде наградата – бидејќи не знаеле дека веќе починал, кога била донесена првичната одлука.

Зошто нема Нобел за математика? Или уметност? Или музика?

Нобеловите награди започнале со пет награди: физика, хемија, физиологија / медицина, литература и мир. Потоа во 1968 Шведската централна банка има направено донација за воспоставување на награда за економија, која формално не е Нобелова, туку “награда за економски науки во спомен на Алфред Нобел.”

Нобеловата фондација не пројавува интерес кон додавање на нови категории. Сајтот на Нобеловите награди редовно потсетува дека фондацијата „не дозволува доделување на награди во нови категории.“

Значи нема награда за екологија, инженеринг, ликовни уметности, математика и безброј други нешта, кои исто така се значајни.

Има дамнешен мит дека не постои Нобелова награда за математика, бидејќи сопругата на Алфред Нобел имала вонбрачна врска со брилијантен математичар. Овој мит сепак изгледа неподкрепен со факти – за почеток, затоа што Нобел никогаш не бил женет.

AlfredNobel2

Кој одбил Нобелова награда – и зошто?

Одбивања не се случуваат често. Кога сепак ќе се случат, се драматични. Жан-Пол Сартр е удостоен со наградата за литература во 1964, но ја одбива, бидејќи едноставно е Жан-Пол Сартр. Тој вели дека писателите не треба да се врзуваат со институции и го брани својот принцип.

Хенри Кисинџер и виетнамскиот политичар Ле Паторот То се удостоени со Нобеловата награда за мир во 1973 година за преговорите за примирје во Виетнам, но сепак ја одбиваат, тврдејќи дека „мирот уште не е изграден.“

Во меѓувреме четворица други нобеловци биле принудени да се откажат од наградите на инсистирање на владите на нивните матични држави. Хитлер не им дозволил на тројца Германци да ги добијат парите од наградата во 30-тите години: Рихард Кун за работа на витамините, Адолф Бутенанд за работа на половите хормони, и Герхард Домаг, откривач на првиот комерцијално достапен антибиотик.

Рускиот писател Борис Пастернак, автор на “Доктор Живаго” првично ja прифатил наградата за литература во 1958 година, но подоцна бил принуден од советската влада да ја врати.

- Реклама -