Никој не разбира зошто Северина барала пари за да дојде до награда!Освен публиката, која бурно ја дочека Северина, барањето од 8.000 евра за учество на црногорските Оскари, каде и била врачена наградата „Пејачка на годината“, ги разлути нејзините колеги, кои а разлика од неа присуството го доживеале како чест.
Меѓу наградените се нашле и Аци Пејовиќ, кој на шала рекол дека по Северина требало да испратат и автобус, додека пејачката Јадранка Брајактаровиќ, која инаку не сакала да коментира изјавила дека гестот на Северина е грозен.
Ништо помалку остра на била ни фронтменката на групата „Колонија“ која не можела да престане да се смее на сметка на својата земјанка.
– Сто илјади добивме! Сега идеме во казино да ги дуплираме. Ќе и дадеме и на Севе, изјави Индира.
Чудно како на нашата неодамнешна Буба мара се појави Севе и џапна дури три награди, за без пари. Или ние така си мислиме? 🙂
Ако сакате да се насмеете погледнете ги нивните коментари.