Скандал на „Гранд ѕвезди“: Натпреварувачката го навреди жирито поради добиениот одговор

Од време на време во емисијата „Гранд ѕвезди“ се случува по некој скандал.

Некогаш тоа е помеѓу членови на жирито, поради што понекогаш и директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ вмешува прсти, а сега кандидатката Даниела Ранџеловиќ е незадоволна со нивната одлука.

Поточно, Даниела пред жирито се претставу со песната „Pričaj Mi Pričaj“, но не добила ниту еден глас, поради кое имала оштар коментар кој бил упатен кон членови на жирито.

– Тоа што на нив не им се допаѓа како пеам не значи дека не вредам, бидејќи јас имам настапи и пеам 12 години- рекла незадоволната и лута Даниела, што го налутило Аца Лукас.

– Не што не е добро, туку е очајно. Ова не ги задоволува критериумите на оваа емисија. Треба да имаш почит кон жирито кое има своја кариера, која пак ти нема да ја имаш- ја прекорил пејачот, по кое Даниела константирала дека не би требало толку да се лути за тоа што го кажала, пренесува српскиот „Kurir“.

– Многу ме налути. Тоа е невоспитување и непочитување кој ова жири и никогаш нема да бидеш компетентна како ова жири- налутено ѝ кажал Лукас, а на неговата изјава се надоврзала и Зорица Брунцлик.

– Јас ти се извинувам што не беше добра и не ги задоволи нашите критериуми- рекла Зорица.

- Реклама -