„Сител“: Грешка со багажот го спасила Џафер Долек од тоа да се качи во автобусот кој изгоре во Бугарија

Во целата трагедија со автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија, господ го чувал син му да не се качи токму во автобусот кој изгорел – раскажува за „Сител“ таткото на Џафер Долек од Скопје.

Како што објаснува тој, неговиот син бил дел од патниците кои заминале на екскурзија во Турција и предвидено било да се вози во кобниот автобус при враќањето, но среќниот сплет на околности го променил тоа. Имено, при напуштањето на хотелот во Истанбул, хотелскиот персонал по грешка го товарил багажот на младиот Џафер во еден од останатите три автобуси на „Беса Транс“, наместо во оној што подоцна однесе најмалку 44 животи.

За да се поедностави решавањето на проблемот, одговорните лица се договориле со Џафер да се качи во автобусот каде бил товарен неговиот багаж, со оглед дека во возилото сѐ уште имало место. Благодарение на таквата среќа во целата несреќа, Џафер Долек сега е дома и здрав и жив, раскажа неговиот татко. Разговорот погледнете го ТУКА.

- Реклама -