Сите зборуваат за Star Wars VII: The Force Awakens

Новиот трејлер на долгоочекуваниот седми дел од вселенската сага “Војна на ѕвездите” беше претставен вчера и ги собори сите можни рекорди на социјалните мрежи.

Филмот стана најозборуваната тема на Твитер и дури го растури сајтот за продажба на билети, пренесоа светските агенции.

За две и пол минути беа генерирани над 17 000 твитови, како и повеќе од 220 000 прегледи на Youtube уште во првите 20 минути.

618x346

Билетите за филмот кој ќе излезе на екранот на 18 декември, беа пуштени во пред-продажба заедно со излегувањето на најавата. Рекордна продажба на билети беше регистрирана во САД и Велика Британија.

Режисер на Star Wars: Episode VII – The Force Awakens е Џ. Џ. Абрамс, кој е и сценарист заедно со Лоренс Касдан и Мајкл Арнд. Продуценти се Кетлин Кенеди, Брајан Бурк и самиот Абрамс. Џон Вилијамс се појавува како композитор.

- Реклама -