Сите учиме од порно филмовите

Dureks и порталот YourTango.com направиле истражување за сексуалните навики кај луѓето. Нивната цел била да дознаат колку пози практикуваат луѓето и во каков секс најмногу уживаат.

Резултатите биле доста интересни, многу по различни од она што медиумите ни го преставуваат. Две третини од испитаниците најчесто практикувале од две до четири пози, додека 27% користеле од пет до седум различни пози за време на сексот.

Половината од испитаниците редовно користеле лубриканти, вибратори и други секс играчки. Дури 70% од испитаниците верувале дека порнографската индустрија им помогнала при усовршувањето на нивната љубовна вештина, а 57% од нив инспирацијата во креветот често ја наоѓале во порно филмовите што ги гледале.
1610053626-0

Емоциите пред сексот
Предностите на сексот без приврзување за многумина се минимални, па така 96% од анкетираните се изјасниле дека сексот е најдобар кога е придружен со силни емоции. Од резултатите на истражувањето се согледува дека најдобриот секс е оној кој е поврзан со љубовта, но со задолжителен предуслов на физичка привлечност и чуството на доверба со партнерот. Затоа 90% тврделе дека сексот со еден партнер со кој биле во љубовна врска, им се подобрувал со текот на времето.

-Популарно е мислењето дека одличниот секс е оној со многу пози, фантазии и што повеќе партнери, но вистината лежи во стабилната врска и взаемното разбирање на партнерите- истакнала Андреа Милер која го спровела истражувањето на YourTango.com.

Андреа истакнала за крај дека сексот во медиумите многу често се преставува како нешто најпрво физичко, но резултатите од истражувањата го тврдат сосема спротивното.

- Реклама -