Сите теории за уривањето на рускиот авион во Египет

Египетското Министерство за цивилната авијација одби да ja коментира верзијата за детонацијата на бомба на одборот на урнатиот руски авион А321 над Синај, која што ја пренесоа бројни медиуми.

“Ние нема да го коментираме она што се појавува во медиумите. Се што можеме да потврдиме сега е дека истражните органи не комуницираат со медиуми, а истражниот тим е единствениот извор на информации за истрагата и нејзините резултати. Ние нема да коментираме какви и да е изјави на анонимни извори “, изјави прес-сектретарот на Министерството.

151101151019-04-egypt-russia-plane-crash-1101-super-169

Сепак можните верзии за причината за трагедијата не престануваат да се дискутираат во јавноста. Истрагата проверува две верзии за причините за несреќата, вклучувајќи предмет кој ја предизвикал трагедијата.

“Работиме на две верзии – нешто да го загрозило авионот внатре и техничка неисправност. Но авионот не може едноставно да се распадне во воздухот, нешто сигурно се случило. Гаѓањето со проектили е малку веројатно, бидејќи нема никакви знаци што укажуваат на тоа “, изјави извор запознаен со истрагата.

Американските експерти не учевствуваат во истрагата, но носат заклучоци

Американските разузнавачки агенции сметаат дека причината за падот на авионот A321 во Египет, со висок степен на веројатност може да е експлозивна направа, но официјалните заклучоци на разузнавањето уште не се објавени.

“Многу веројатно е на авионот  кој се урна во Египет, да експлодирала бомба. Тоа е многу можно сценарио и нешто што “Исламска држава” би сакала да направи“, изјави неименуван извор од американските служби.

Египетскиот огранок на терористичката група ја презеде одговорноста за соборувањето на патничкиот авион во саботата, иако според експертите ова е малку веројатно.

“Нема да не принудат да објаснуваме како сме го направиле тоа”, се наведува во пораката на терористичката група.

Британските власти исто го делат ставот за експлозивна направа

“Колку повеќе информации се откриваат, толку позагрижени стануваме дека авионот бил соборен како резултат на бомба”, соопштија од канцеларијата на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Заклучокот на британските власти дека причина за разбивањето на рускиот авион A321 би можела да биде поставена експлозивна направа, е направено врз основа на податоци кои не се поврзани со истражувањето на остатоците од авионот. Од безбедносни причини летовите на британските авиокомпании од и кон Шарм ел Шеик беа прекинати.

Се појави и верзија дека рускиот авион А321 се срушил како резултат на експлозија во областа на моторите. Извор од истражната комисија, која беше формирана за истрага на несреќата, рече дека експертите завршиле со дешифрирање на содржината на црните кутии и првите резултати биле претставени пред комисијата во вторникот вечерта. Како главна причина за падот на авионот била наведена “експлозија во областа на моторите”.

Пентагон не располага со каква и да е информација за причините за падот на рускиот патнички авион А321 во Синајскиот полуостров во Египет, соопшти претставникот на Заводот Џеф Дејвис. Стејт департментот, пак, одби да ја коментира несреќата до крајот на истрагата, бидејќи смета дека е неопходно да се воздржува од коментар, изјави официјалниот претставник на Министерството, Џон Кирби.

Во меѓувреме истрагата продолжува. Податоците од едната црна кутија беа префрлени за декодирање и анализа, а другата, која имаше сериозни механички оштетувања е подготвена за копирање на информациите.

На местото на авионската несреќа во Египет се пронајдени документи и предмети кои се важни за истрагата на несреќата. Досега 42 од жртвите на авионската несреќа во Египет биле препознаени од семејствата и блиските на загинатите. ДНК стручноста на остатоците на сите 224 загинати во несреќата може да потрае и до три месеци.

- Реклама -