Сите познати личности кои што Мадона ги споменува во песната Vogue од 1990 година веќе не се на овој свет, пишува магазинот „People”.
Покојната актерка Лорен Бакол, која што почина на 89-годишна возраст минатата недела, беше единствената жива холивудска ѕвезда, за која што Мадона пее во Vogue.
Кога беше претставена песната во 20 март 1990 година, 9 од сите 16 познати личности што се споменуваат во текстот беа живи.
Во продолжение погледнете за кого се пее Мадона и слушнете ја песната:
Грета Гарбо почина само неколку недели по дебито на песната. Шведската ѕвезда ја загуби битката со подмолната пневмонија на 84-годишна возраст на 15 април 1990 година. Мерилин Монро умира од предозирање на 5 август 1962 година, а по нејзината смрт се појавуваат најразлични заговори за тоа како го загубила својот живот. Повеќето луѓе го прифаќаат официјалното објаснување дека актерката едноставно одлучила да стави крај на проблемите во животот. Германската актерка Марлен Дитрих, која што го шокираше светот со својата бисексуалност во 1930 година, умира од бубрежна инсуфициенција во Париз на 6 мај 1992 година.
Безбол играчот од американскиот тим „Њујорк Јенкис” Џо Димаџо се жени за Мерилин Монро. Тој умира на 84-годишна возраст на 8 март 1999 година од рак на белите дробови. Марлон Брандо го напушти овој свет на 1 јули 2004 година Тој почина од респираторна инсуфициенција.