Сите „полициски“ фотографии на Линдзи Лохан

Актерката Линдзи Лохан до сега е уапсена шест пати и има цела колекција фотографии од затвор.

На богатата колекција во вторникот додаде уште една фотографија, непосредно пред судењето за возење во пијана состојба, напад на полицаец и спречување на службено лице во вршење на должноста.

Проблематичната ѕвезда нема да оди во затвор, но ќе мора еден месец да отслужи општествено корисна работа, а одредена ѝ е и тримесечна рехабилитација и 18 месечна психотерапија.

- Реклама -