Научниците докажаа дека сите луѓе лажат

Иако луѓето сакаат да веруваат дека повеќето од нив се на страната на вистината, научниците докажаа дека сите луѓе лажат кога имаат корист од тоа.

Професорот по економија Ден Ариеле спровел интересен експеримент за да тестира колку е веројатно луѓето, макар и безболно, да излажат во ситуација кога тоа ќе им одговара. Тој на група студенти им поделил тестови со 20 матрици што треба да ги решат. Потоа добиле лист на кој требало да запишат колку матрици решиле во дадениот период. Иако во просек резултатите покажале дека субјектите решавале во 4 матрици, сите од нив биле сигурни дека всушност, успешно решиле 6.

Истражувањето покажало дека само мал број луѓе секојдневно изговараат големи лаги. Сепак, вродено во човековата природа е да се лаже и мами за ситни работи, со цел да се извлече одредена корист.

Ариеле се обидел да пронајде начин да ги спречи лажењето и мамењето. Се обидел да влијае на моралот на луѓето вклучени во истражувањето. За време на еден експеримент на глас ги читал Божјите заповеди и луѓето мамеле помалку.

 

- Реклама -