Популарната двојка не престанува да ја покажува својата љубов на социјалните мрежи, а сега синот на Кеба најде начин каде и да се појави на сите да им даде до знаење дека ТОЈ е дечкото на Северина.
На Инстаграм се појави фотографија на која Северина и Игор Којиќ позираат со фудбалерот Немања Андриќ, а Игор носи маица со интересен натпис: „Сите ја сакаат Северина, а таа ме сака мене.“
Пејачката е воодушевена од оваа маица, па веднаш и самата посака парче облека со сличен натпис.
– Сакам и јас маица „Го сакам Игор најмногу на светот“… Подарок за нашата свадба- напиша Севе во коментарите и на тој начин ја навести нивната престојна венчавка, и дека наместо венчаница би можела да носи маица со ваква љубовна порака.