По последните бескомпромисни изјави од високи функционери на Бугарија околу „бугарското потекло“ на Гоце Делчев, околу „историските вистини“, како и најавите за повлекување од заедничката македонско-бугарска комисија (и следствено и потенцијална блокада/пречки на патот на евроинтеграциите), со своја реакција се огласи и Богдан Илиевски – „Бетмен“, еден од амнестираните предводнци на протестите на „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со упадот во Собранието на 27 април.
Тој е дециден дека нема ништо изненадувачко во ситуацијата и дека ваквиот тек бил јасен уште при потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тврди и дека бугарската позиција била јасна (уште тогаш и многу порано) за секој што барем 10 минути поминал на интернет. Илиевски на Фејсбук пишува вака:
„До сите кои сега сте вознемирени и зачудени што заедничката комисија за славење на историјата со Бугарија УСЛОВУВА дека ако не го признаеме Гоце Делчев за Бугарин, ќе се повлече од разговорите, ерго ќе имаме мака на скалите кон Брисел… ШТО МИСЛЕВТЕ, БРЕ? Што мислевте кога го потпишувавме договорот, и го поддржувавте како ‘решавање на прашањата со еден сосед’. Како ‘ставање крај на иредентизмот на Балканот’. ШТО МИСЛЕВТЕ? Што ви беше во главата? Каква вода пиевте, какво месо јадевте? ШТО МИСЛЕВТЕ? Што мислевте дека ќе се случи? Дека одеднаш ако си го смените името ќе си речат: ‘еј, види ги овие јадници, кутри се, ајде, Гоце нема да им го гибаме’??? Тоа ли си го мислевте? Од првиот до последниот, на тоа ли се надевавте? Како бре не помисливте дека како држава која се брише самата себе ‘во име на блескавата иднина’ сте НАЈЛЕСЕН ПЛEH за сите соседни мpшojaди кои едвај чекаат да се насладат од плeнот кој се самoyбил? ШТО МИСЛЕВТЕ? ШТО МИСЛЕВТЕ? ШТО МИСЛЕВТЕ?
И сега… читам луѓе кои… се вознемирени, ужacнати и забезекнути од ‘cтpaшните барања на бугарската комисија за историја’. Хеј, па секој кој поминал 10 минути на интернет ја знае бугарската позиција во однос на нашите историски и национални прашања. Владата се СЛОЖИ тоа да стане предмет на договор и договарање. ШТО МИСЛЕВТЕ бре дека ќе се случи? Земја членка на ЕУ решава да преговара за ‘најромантичниот дел’ од сопствената историја со вас и ЌЕ ВИ ПОПУШТИ?? ШТО МИСЛЕВТЕ, ШТО МИСЛЕВТЕ, ШТО МИСЛЕВТЕ дека ќе се случи, господа преговорачи, апологети, гласачи и поддржувачи?
Што мислевте, црно ви семе ваше?“, завршува Илиевски.
Во коментарите на постот тој прикачи и линк до свое гостување во „Само вистина“ во ноември 2017-та во кое аргументира дека проблематичен во Договорот со Бугарија (потпишан на 1 август 2017-та) е токму делот околу формирањето на комисиии кои ќе ја „чешлаат“ историјата.
„Бугарите нека си ја толкуваат кај нив историјата како сакаат, но договорот ќе произведе нови услови за нас како држава“, предупредува Илиевски во емисијата.