Кира Најтли завчера го прослави својот 28-ми роденден. Британската актерка која веќе цела деценија се вбројува во главните холивудски ѕвезди се прослави со улогата во филмот „Пиратите од Карибите“.
Kариерата ја започнала на деветгодишна возраст, а нејзината прва филмска улога била во „Играј како Бекам“.
Во 2003 година, пред точно една деценија, станува дел од „пиратската“ екипа заедно со Орландо Блум и Џони Деп и оттогаш ја гледаме во најразлични улоги.
На филмското платно одлично и прилегаат ликовите на голем број руски хероини, како на пример, Лариса Антипова од „Доктор Живаго“ и Ана Каренина во неодамнешната екранизација на истоимениот руски роман.
Во мај минатата година Кира Најтли ја објави свршувачката со музичарот Џејмс Рајтон, член на групата Клакстон.