Џејмс Хјустон е фотографот кој успеа во еден проект да вклучи многу славни убавици кои се согласија да позираат голи пред објективот на неговиот фотоапарат и тоа за потребите на проектот Natural Beauty.
Во рамките на проектот чија цел е развивањето на свеста за животната средина, ќе биде издадена и фото енциклопедија во која ќе бидат објавени фотографските остварувања со убавината на голите женски тела.
Без шминка и облека својата природна убавина ја демонстрираа: Ирина Шеик, Ема Вотсон, Карли Клос, Коко Роша, Ани Рубик и многу други.
Погледнете го резултатот од работата над проектот!