И човек што нема гледано многу мјузикли ќе познае дека добар дел од „Ла Ла Ленд“ е омаж до други постари и помалку или повеќе познати музички филмови. Некои од тие што изгледале многу мјузикли дури го нарекуваат и „амалгам од претходни филмови, кој не е по ништо посебен“, и чудно им е што е рекордер по номинации за Оскар. Го споредуваат со The Artist, а за двата филма сметаат дека се само начин на Холивуд „да си честита самиот на себе, истовремено заборавајќи дека некој и порано ги направил истите работи што ги прави Ла Ла Ленд, некогаш и подобро“.
Од друга страна, не дека Ла Ла Ленд земал па ги ископирал сцените.
На крајот, неважно е. Важното е врската на гледачот со филмот. Ако ви кликна Ла Ла Ленд, веројатно ќе сакате да ги знаете и сите филмови што ги референцира. Еве ги: