Сите Чеси ќе имаат право да пукаат на терористи

pistolji_pixabay[1]

Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец ги послуша апелите на претседателот Милош Земан и подготви измени во законот, според кои Чесите ќе добијат право да пукаат на терористи или напаѓачи на улица, не чекајќи на полицијата. До сега огнено оружје смееја да потегнат само во самоодбрана или одбрана на својот имот.

„Целта на законот е да се реагира на новата зголемена закана по безбедноста, пред сé кога е во прашање опасност од насилство, било дали се работи за изолирани терористички напади или активни напаѓачи“, наведува чешкото МВР во образложението на амандманот од Законот за безбедност на Чешка. Според оценката на министерството, „искуствата од некои земји покажуваат дека решавачки фактор во решавање на терористичките напади може да биде присуството на наоружани граѓани“.

„Тоа е исправниот пат. Во тоа сум убеден. Парламентот неодамна го измени законот за оружје и муниција и ѝ го одзема правото на владата да ги разоружа граѓаните во случај на војна. На една демократска влада, таква надлежност не ѝ е потребна“, вели шефот на Одборот за безбедност на чешкиот парламент – Роман Вања.

Правото на граѓаните сами да ја бранат Чешка и себе си во случај на терористички напади, има шанси да биде усвоено наредната година, со оглед дека го поздравува поголемиот дел од опозицијата.

Од избивањето на миграциската криза па наваму, чешкиот претседател Земан често говори за потребата Чесите да се наоружаат, и тврди дека „некои од терористичките напади во Париз можеа да течат и завршат многу поинаку ако меѓу публиката или на улица имало вооружени граѓани кои би пукале на терористите“.

Земан додуша нема дозовола за носење оружје, а своевремено бил ослободен и од служење на воен рок. Од друга страна, тој често за пример ја наведува својата сопруга, која има набавено оружје и редовно вежба.

- Реклама -