Сириските бегалци заинтересирани за Канада

Идејата дека многу бегалци не сакаат да одат во Канада е “луда”, изјави канадскиот министер за имиграција Џон Макалам, како одговор на тврдењата дека само мал процент од сириските бегалци се заинтересирани за Канада.

siriski-begalci
Макалам се врати во татковината од посета на бегалски камп во Јордан, каде што според неговите зборови има “голем ентузијазам и голема желба за бегство во Канада”.

“Таму има голем број на луѓе кои сакаат да дојдат. Погледнете колку заминаа за Германија- речиси милион. Идејата дека тие не сакаат да дојдат во Канада е луда “, рече тој.

- Реклама -