Ирвинг Џонсон III, синот на НБА легендата Ирвинг Меџик Џонсон, се појави на Сансет стрип во Лос Анџелес, облечен во бунда и со чанта, држејќи се за рака со неговото момче. Ова е првпат 20-годишниот студент, познат како И-Џеј и неговото момче да се појават заедно во јавност, но тој и порано не ја криеше својата сексуална определба.
http://youtu.be/SFnIJ5_dSFY
Меџик и неговата сопруга Ирлита Куки Кели велат дека се многу горди на нивниот син.
„Куки и јас го сакаме И-Џеј и го поддржуваме во секој поглед. Многу сме горди на него“, изјавил Меџик за сајтот TMZ.
Кога поранешниот играч на Лејкерс во 1991 година откри дека е ХИВ позитивен, почнаа да се шират гласини за неговата сексуалност, но тој не се повлече туку напротив го искористи своето име за поголема толеранција на хомосексуалците.
Така во 2008 година се спротистави на калифорнискиот предлог 8 – клаузула која забранува брак меѓу припадници на ист пол во оваа американска држава.