Како што се шпекулира, хрватската пејачка ќе направи забава во мај, на која со пријателите и членовите на семејството ќе го претстави својот нов дечко.
Игор Којиќ, синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, наводно во неделата во Загреб ја запросил својата нова девојка, хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ, шпекулираат медиумите. Според истите свадбата е закажана за во септември.
– Северина во мај има неколку слободни денови, па се сети да направи забава, на која пред сите ќе се појави рака под рака со Игор. Нејзините пријатели се уште не го запознале иако неколку пати престојувал во Хрватска. Го знаат само најблиските членови од семејството на Северина. Тие добро се криеа од јавноста, но сега кога сфатија дека нивните емоции се силни, ја обелоденија врската. Северина е толку заљубена што не ја интересираат никакви коментари и реакции за нејзината нова врска со петнаесет години помладиот маж, вели извор близок на пејачката.
Ни Северина, ниту пак членовите на нејзиниот тим за односи со јавноста, не биле достапни за коментар.