Синот на Кеба призна дека е геј

Голманот Игор Којиќ на својот Фејсбук профил напиша дека прошетал на Геј парада и конечно „признал кој е и што е“.

Синот на српскиот пејач Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, на неговиот профил на Фејсбук призна дека е хомосексуалец, објави српски Телеграф. Тој напишал дека гордо прошетал на пробната Геј парада што се одржа во Белград во петокот. Дали сакал да се пошегува или е сериозен не знаеме. Но, тој им се заблагодарил на сите кои му дале поддршка за да ја признае неговата сексуална ориентација.

igor

Претходно, српските медиуми го поврзуваа Игор со старлетата Јелена Жежељ, која неговото семејство ја осуди поради полуголите фотографиите во еден магазин со коментари дека не е доволно добра за него.

Сепак, набрзо по признанието, Игор се огласил и на Твитер и напишал дека неговиот другар му го зел мобилниот додека бил на тренинг и го напишал статусот.

Clipboard011

 

Дали е вистина или не или, пак, се покаал за јавното признание, останува да видиме.

- Реклама -