Истражувањето од универзитетот Викторија во Велика Британија, го анализирало мислењето на мажите за својот полов орган и неговата големина. Но не во класична смисла. Тие не ги анализирале податоците, туку се посветиле на психолошкиот момент кај мажите, кога тие се чуствуваат најнесигурни.
Резултатите биле мошне интересни. Доминантен број на мажи, биле задоволни од својата големина и од тоа како партнерките ги прифаќале, но несигурноста се појавувала кога требало да се пресоблечат пред пријателите.
Докторката Анабел Чен Фенг Ји оваа ситуација ја објаснува со следниве зборови: Тие не се загрижени поради нивната големина на половиот орган, или пак дали партнерката ќе ужива во односот, туку најчесто е во прашање натпреварувачкиот дух кој е изразен кај мажите. Мажите се најнесигурни кога нивната големина може да се споредува, како на пример во соблекувалната.
Овој психолошки момент кај мажите, според истражувањето е предизвикан од нереалната големина на половите органи кај актерите во филмовите за возрасни. Исто така се наведува дека стандардите во таквите филмови се нереални и за двата пола, со што се врши суптилен притисок и кај мажите и кај жените. Но за разлика од жените чии атрибути се лесно воочливи, машките атрибути се скриени и само во моментите каде што можат да бидат “откриени” се појавува несигурноста.
Врз основа на овие резултати во Велика Британија се засновало непрофитабилно друштво, кое се бори да се усвојат законски одредби, со што во филмовите за возрасни ќе се предупредат гледачите за нереалните стандарди.