Кога Ромејн Жакет-Лагриз прв пат ја видел сината нијанса на Хонгконг, се случило нешто не многу поразлично од љубов на прв поглед. Било топол летен ден, а сонцето заоѓало, прекривајќи го небото и градот со азурна наметка. Што ќе рече Ромејн, тој се заљубил во светлината. Оттогаш и во наредните две години, фотографот ќе го посвети секое лето на бркање на „Синиот момент“.
А „Синиот момент“ не се случува секој ден кога сонцето заоѓа, објаснува заубеникот. Тоа се исклучително ретки вечери, кога небото е чисто, а климата е точно погодена за да ја создаде токму сината нијанса што Ромејн ја бара. Моментот зависи и од илјадниците луѓе во нивните канцеларии и домови и од тоа дали ќе решат да ги запалат сијалиците или ќе ги остават изгасени. А кога сé ќе се погоди на свое место, магијата трае само минута. Веќе следниот миг, урбаниот пејзаж се враќа на својот вообичаен изглед, а синилото се претвора во црно.