Симултана споредба на брзината на сите Ајфони во последниве 10 години (видео)

Поминаа 10 години откако Apple го пушти првиот iPhone, па EverythingApplePro решија да направат една добра рекапитулација со досегашните 17 модели. Еден брз факт колку да ве загрееме: последниот Ајфон е 150 пати побрз од првиот.

Првиот тест ги тестира кој набрзо се вклучува. Не дека е тоа некаков битен фактор, особено што луѓето ретко и ги гасат телефоните, ама покажува што се крие „под хаубата“. Понатаму видеото продолжува со низа други тестови на брзината, а на крајот ги тестира камерата и видеата. Се разбира, во последната етапа најбрз е најновиот Ајфон, ама интересно е да се види како се држат и другите модели.

- Реклама -