Поминаа 10 години откако Apple го пушти првиот iPhone, па EverythingApplePro решија да направат една добра рекапитулација со досегашните 17 модели. Еден брз факт колку да ве загрееме: последниот Ајфон е 150 пати побрз од првиот.
Првиот тест ги тестира кој набрзо се вклучува. Не дека е тоа некаков битен фактор, особено што луѓето ретко и ги гасат телефоните, ама покажува што се крие „под хаубата“. Понатаму видеото продолжува со низа други тестови на брзината, а на крајот ги тестира камерата и видеата. Се разбира, во последната етапа најбрз е најновиот Ајфон, ама интересно е да се види како се држат и другите модели.