Самостоен концерт на Фолтин, насловен “Симултан бакнеж” ќе се одржи на 16 август во 20 часот на Ракометно игралиште во Битола.
Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: Tsar Von Time, Sioto Jazz и Corrosion, а специјални гости се скопските другари “Суперхикс”.
Концертот е поддржан од Скопско и Општина Битола.