Симпсонови се видовити: Предвидоа нобеловец

v234679[1]

Симпсонови ја продолжуваат серијата од бизарни предвидувања кои се покажуваат како точни.

Овогодишната Нобелова награда за економија ја добија Бенгт Холмсторм – професор од Институтот за технологија во Масачусетс, и Оливер Харт – професор од Харвард. Прогласени за лауреати заради нивната работа на теоријата на договори и на тоа како може да се процени што треба, а што не треба да биде во сопственост на државата, во однос на приватната сопственост…

… Баш како што предвиде Милхаус ван Хутен (да, ликот од серијата) уште во епизода емитувана во 2010 година. Во епизодата се предвидува дека наградата ќе падне во рацете на Холмсторм, кој за неа се натпреварува со Лиса Симпсон и со Мартин Прајс. Тоа е епизодата во која кловнот Красти е излажан дека тој ја освоил Нобеловата награда за мир, за потоа да отпатува во Европа каде што ќе биде уапсен за непримерно однесување во јавност, вклучувајќи и фрлање на мајмун од врвот на Ајфеловата кула.

По оваа епизода на Симпсонови, емитувана е уште една со наслов „Барт од иднината“, во која Доналд Трамп е во улога на претседател на Америка. Сценаристите на серијата изјавија дека таа епизода е осмислена токму како „предупредување за Америка“.

 

- Реклама -