Македонскиот пијанист Симон Трпчески го издаде своето четврто CD за престижната издавачка куќа EMI Classic од Велика Британија. Албумот содржи негови изведби на композиции од францускиот импресионист Claude Debussy и претставува уште еден доказ за беспрекорната виртуозност на македонскиот пијанист.

Во критиката што The Seattle Times ја објави во врска со неговите интерпретации на Images од Claude Debussy се вели: „Ова е пијанист што навистина допира до срцето на импресионистичкиот стил…“, додека The Toronto Star опишува како: "Симон ги претвора обичните тонови во нежно треперечки каскади од бои… Неговото свирење беше толку совршено што беше потребен напор за да се сетите дека треба да дишете додека слушате“.
За своите изведби на Debussy Симон вели дека се инспирирал од родниот крај, од Охрид и селото Збазди, каде што како дете одел секое лето и се воодушевувал од природните убавини и од автентичниот стил на живеење.
Со ова издание, Симон Трпчески уште еднаш потврди дека е најголемата, ако не и единствената, интернационална ѕвезда од Македонија. Брависимо, Маестро! [amazon.com линк]