Сиљановска-Давкова од Швајцарија: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем

„Праведниот мир мора да биде вкоренет во принципите на Повелбата на Обединетите нации за суверенитет и територијален интегритет. Обидот на Русија да стекне територија со сила е флагрантно кршење на овие основни начела. Кога опасните преседани остануваат неоспорени, тие можат да се претворат во толерирани практики. Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот, па дури и светскиот мир и безбедноста“, истакнала претседателката во своето обараќање на денешната пленарна сесија на мировниот самит за Украина

Во однос на иднината на Украина, претседателката рекла дека само Украина може да одлучи за неа, како суверена нација и дека само од неа зависи кога и како ќе ја ангажира Русија за евентуално усогласено решение

На најсилен можен начин ја осудуваме неиспоровцираната и неоправдана агресивна војна на Русија и ја поддржуваме Украина на најдобар начин, дури и повеќе од она што го дозволуваат нашите ограничени капацитети и ресурси. 

Ова во дел од своето обраќање на денешната пленарна сесија на мировниот самит за Украина што викендов се одржува во Бургеншток во близина на Луцерн, Швајцарија, го истакнала претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од нејзиниот кабинет.  

Од обраќањето на Сиљановска-Давкова на пленараната сесија на Самитот за мир во Украина / Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Во своето обаќање, претседателката оценила дека тековната војна во Украина не засега сите нас и дека земјата е изложена на огромно човечко страдање и уништување. Со ваквата ситуација, како што посочила таа, под закана е безбедносната архитектура на Европа, а на глобално ниво животите на милиони луѓе се засегнати од тешките економски последици. 

Сиљановска-Давкова во својот говор се осврнала и на активностите и поддршката што земјава ги презеде и покажа во однос на војната. Во таа насока, претседателката посочила дека земјава се приклучи на Кримската платформа и целосно се усогласи со заедничката надворешна и бебезносна политика на Европската Унија. Дополнително, додала таа, Украина беше главен приоритет за време на македонското претседавање со ОБСЕ во 2023 година.  

На хуманитарен план, рекла претседателката, се приклучивме на меѓународната коалиција за враќање на украинските деца и обезбедивме цивилна поддршка и итна помош за Украина и за украинските бегалци.  

Сиљановска-Давкова посочила и на воената опрема што земјава ја испрати во Украина преку пакетот за сеопфатна помош на НАТО, а во насока на поддршка на евроатлантските аспирации на Киев.  

Во однос на иднината на Украина, претседателката рекла дека само Украина може да одлучи за неа, како суверена нација и дека само од неа зависи кога и како ќе ја ангажира Русија за евентуално усогласено решение.  

„Праведниот мир мора да биде вкоренет во принципите на Повелбата на Обединетите нации за суверенитет и територијален интегритет. Обидот на Русија да стекне територија со сила е флагрантно кршење на овие основни начела. Кога опасните преседани остануваат неоспорени, тие можат да се претворат во толерирани практики. Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот, па дури и светскиот мир и безбедноста“,

рекла Сиљановска-Давкова.  

Единствениот начин да се избегне ова, додала таа е да се почитува Повелбата на ОН и принципите на меѓународното прво без исклучок. 

Во таа насока, претседателката истакнала дека воздржувањето од употреба на сила, почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, какои и заштитата на човековите права и основните слободи, се цврсти принципи за кои не може да се преговара.

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Своето обраќање Сиљановска-Давкова го заокружила со пораката дека  додека се развива рамката за иден мировен договор, земјава ќе продолжи да ја поддржуваме слободна, независна, демократска и суверена Украина. 

Пред нејзиното обраќање на пленарната сесија, претседателката во изјава што ја пренесе нејзиниот кабинет рече дека кон војната во Украина треба да се однесуваме не како кон украински проблем, туку како кон европски и светски проблем. 

„Неподелени беа мислењата дека дијалогот е здрава работа, дека мировната конференција навистина и покрај многуте учесници дојде до единствени сознанија. Најчесто се повикувавме сите на Повелбата на Обединетите Нации, најчесто се повикувавме сите на мировните решенија“, рекла претседателката на државата.

Таа во изјавата додала дека денеска учествувала и на панелот за безбедност, односно опасноста по безбедноста на храната, прашање од кои, како што рекла таа, и ние сме засегнати. 

„Уште еден доказ дека она што се случува, односно војната, нè засега сите и дека сите треба да помогнеме за да се најде соломонско решение, тоа значи, праведно решение за Украина, решение што ќе гарантира постојан мир, јас велам Кантов вечен мир. Еднаш мислам дека е крајно време, наместо да велиме никогаш повеќе и повторно да се соочуваме со војна, да се потсетиме на ноторниот факт дека Европската заедница настана како мировен проект и дека Европската Унија, но и сите држави во светот, имаат обврска да го чуваат мирот“,

изјавила претседателката на државата.   

Од изјавата на Сиљановска-Давкова пред нејзиното обраќање на пленарната сесија на мирвониот самит во Швајцарија / Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Сиљановска-Давкова е меѓу стотината државници кои учествуваат на мировната конференција на која се очекува да се донесат заклучоци кои ќе го отворат патот за ставање крај на руската агресија врз Украина.    

Самитот почна вчера со воведна сесија, а денеска е работниот дел од конференцијата на која главни теми се безбедноста на храната, избегнување на нуклеарна катастрофа и репатријација на депортираните украински деца. 

- Реклама -