Сиљановска-Давкова: Илузија е ако некој смета дека преговарачкиот процес ќе тргне кога ќе ги запишеме Бугарите во Уставот

„Да ме прашувате секој ден дали ќе дојде до уставни измени, значи да барате од мене да го суспендирам парламентот. Пратениците гласаат по сопствено убедување. Ако некој вети, јас или Мицкоски дека ќе го смениме Уставото, тоа знали дека ние ќе треба да диктираме. Јас немам статус на апсолутен монарх и не сум конститутивен фактор. Јас можам да предложам измени, но надлежно заководавно и уставотворно тело е Собранието“, рече претседателката

Ако некој мисли дека во моментот кога ние ќе ги запишеме Бугарите во преамбулата на Уставот, готово ќе тргне процесот, тогаш мислам дека тоа е повторно една илузија. Значи може да предложиме едно одложено дејство, да почнеме преговори да не става Бугарија вето за да изградиме пријателски односи, ние ќе брзаме во исполнување на Копенхашките критериуми, Бугарија ќе покажува добра волја, нема да не кочи и така ќе стигнеме побрзо. Ем, ќе стапат во сила измените, ем ние ќе станеме пријатели. Ова вечерва во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 го рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на прашањето дали планира посета на Брисел за почеток на преговорите со Европската Унија, посочувајќи дека се видела речиси со сите луѓе кои сега таму се на функции и како што рече, тоа дава надеж дека ќе има некаков континуитет во расположението за проширувањето.

„Не можам да тврдам дали ќе ги убедам, но јас имам обврска како претседателка да ги бранам државните и наципналните интеереси и да се обидам да ги убедам. Јас имам проблем со оние што не се обиделе ништо да предочат од ова што го зборувам и сега повторно веруваат дека уште ова, уште да го смениме Уставот и проблемот ќе го решат“,

рече таа.

На прашањето кога ќе се создават услови да се репреговараат условите за членство во ЕУ, претседателката посочи дека не рекла да се репреговара, оти преговарачката рамка е правен факт, но дека, според неа, тоа може да се направи со поинаква интерпретација на преговарачката рамка.

„И во ЕУ се разви широка дебата за деблокирање на проширувањето. Се појави ‘нон-пејпер‘ и студии како да се ограничи употребата на ветотот заради се ова што се случува. Нема да запре ветото на нас, тоа бидете сигурни и тогаш целиот процес ќе биде загрозен на проширување. А, нели недовршена симфонија е ЕУ без Западен Балкан и ние сме Ахилова пета. Зборот ми е, не случајно се сите овие расправии и предлозите се, да речеме, само на почетокот да има вето или на крајот, или на почетокот и на крајот, а во меѓувреме да не може да се употреби ветото. Да ве потсетам на нашиот предлог, дека ние велевме дека и досега сме имале одложена примена во Уставот на некои одредби, може и тоа да се договори. Може на добра волја да се договори дека Бугарија нема да го употребува ветото за тоа што е со Преспанскиот договор забрането, за историја, за култура, за наследство. Ако некој мисли дека во моментот кога ние ќе ги запишеме Бугарите во Преамбулата на Уставот, готово ќе тргне процесот, тогаш мислам дека е тоа повторно една илузија“,

рече претседателката.

Според неа, ако ние сме поминале низ една тешка одисеја на промена на име, на, како што рече неуспешен референдум, на пратеници кои гласале на чуден начин, тогаш значи дека, како што рече, сите страни треба да бидат убедени и на потег.

„Значи може одложено дејство, може толкување, да почнеме ние преговори да не става Бугарија вето за да изградиме пријателски односи, ние ќе брзаме во исполнувањето на Копенхагенските критериуми, Бугарија ќе покажува добра волја, нема да не кочи и така ќе се сретнеме побрзо. Ем, ќе стапат во сила измените, ем ние ќе бидеме пријатели. Само да кажам околу ова барање околу измените на Уставот. Да ме прашувате секој ден дали ќе дојде до уставни измени, значи да барате од мене да го суспендирам парламентот. Пратениците гласаат по сопствено убедување. Ако некој вети, јас или Мицкоски дека ќе го смениме Уставото, тоа знали дека ние ќе треба да диктираме. Јас немам статус на апсолутен монарх и не сум конститутивен фактор. Јас можам да предложам измени, но надлежно заководавно и уставотворно тело е Собранието“,

рече Сиљановска-Давкова.

На прашањето како гледа на европските избори, на залетот на крајната десница во Франција и дали тоа може да го загрози процесот на проширување, претседателката рече дека на тоа укажала во дискусиите на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања уште пред изборите.

„За жал, се очекува голем раст на влијанието на крајната десница. Во тој случај ЕУ ќе мора да се бори за демократијата. Крајната десница е прво евроскептична и нема разбирање за проширувањето. Обично во време на конфликти и војни крајната десница е во пораст. Внатре ги имате во ЕУ оние кои ја негираат идејата за ЕУ, а ние сме посветени Европјани. Знаете колку малку граѓани излегуваат на гласање за Европскиот парламент. Доколку клучниот збор како и досега за проширувањето и на почетокот  и на крајот го има Советот, каде седат пратеседатели и премиери, тогаш тоа не е заедница заснована на темелни вредности и принципи. Треба да размислиме и навистина, проблематизирањето на ветото и барањето се поголема примена или да се демензионира примената на двотретинско мнозинство во процесот на проширувањето зборува за еден одговорен однос на ЕУ. Мислам дека е време на еден исчекор и во поглед на проширувањето и тогаш ќе биде полесно“,

рече претседателката.

Според неа, ние не сме финансиско оптеретување за ЕУ, но, како што рече, ние отсекогаш сме биле географски, историски и културно дел од ЕУ, а сме докажале дека сме кооперативни, а додаде, водиме и европска надворешна и безбедносна политика.

- Реклама -