Силен земјотрес во Грција кај островот Крит

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска наутро го погоди островот Крит на југот на Грција. Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Фото: принтскрин

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:08 часот, бил на 25 километри југоисточно од Ласити, најисточната регионална единица на островот, на длабочина од 8,1 километри.

Истата област имаше потрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер само неколку дена претходно.

- Реклама -