Сијарто: Унгарија сака мигpaнтската кpиза да се решава што подалеку од нас, затоа донесовме медицинска помош во Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска е во посета на земјава, каде оствари средба со неговиот македонски колега Никола Димитров. Сијарто во Скопје пристигна со унгарски вoeн карго авион, натоварен со 100 илјади заштитни маски и 5 илјади заштитни скафандери – донација од унгарската влада за здравствените работници во земјава. На заедничката прес-конференција со Димитров, шефот на унгарската дипломатија објасни дека дел од мотивите за испраќањето на ваквата помош за земјава е и справување со мигpaнтската кpиза:

„Со оваа донација сакаме да помогнеме во борбата со оваа светска кpиза. Ние водиме одговорна политика кон соседите и на сите им дадовме помош. Ако овие земји ослабат во било кој поглед тогаш и нивните капацитите за одбрана се намалуваат. Доколку во таква ситуација се соочат со една мигpaнтска кpиза, се намалуваат нивните капацитети за справувањесо таквиот притисок. А ние имаме интерес справувањето со мигpaнтската кpиза да се одвива што подалеку од нас. Затоа успеавме да ја донесеме оваа помош“, рече Сијарто.

Тој истакна и дека Унгарија води одговорна политика и веќе им испратила помош на своите соседи, а тоа ѝ го овозможуваат добрите односи со Кина, од каде постојано пристигнува помош, како заштитни маски, на унгарска територија. Освен тоа, истакна тој, Унгарија од Кина практично купила и фабрика за производство на заштитни маски, што уште повеќе ѝ овозможува да донира медицинска помош.

- Реклама -