Можеби сте свесни за вашиот впечатлив изглед, но не сакате тоа да си го признаете самите на себе. Доколку вашето мото е „што повеќе толку подобро“, тогаш продолжете да го читате овој текст и да дознаете дали е време да намалите со шминката.
1. Луѓето тешко ве препознаваат без шминка, или ве гледаат зачудено.
2. Се срамите да излезете од дома без воопшто шминка, па дури и за низ сопственото маало.
3. Чуден ви е сопствениот одраз во огледалото кога не сте нашминкани.
4. Сметате дека Кристина Агилера изгледа природно.
5. Постојано ја поправате шминката.
6. Буквално ја чувствувате шминката на лицето.