Во Кувајт е фатен гулаб што „се обидувал“ да прошверцува дрога во земјата. Властите го следеле карактеристичниот лет низ соседен Ирак, а потоа го фатиле при обидот да ја помине границата и да влезе во земјата, при што на грбот му откриле „мини-ранец“ со 178 пилули, пренесува Ал Арабија.
Официјалните лица не можеле да одредат какви всушност пилули пренесувал гулабот.
Ова не е прв пат гулаб да биде уловен додека шверцува наркотици – во 2015-та, чуварите на еден затвор во Костарика фатиле гулаб кој постојано влетувал и излетувал во затворот, и откриле дека шверцува кокаин и трева за затворениците.