Шведската литература и бенефитите од 6-часовното работно време

meatballs with swedish flags on toothpicks

„Некако си ми многу… индустријален.“

Вака ме опиша еден човек кога живеев и работев во Шведска. И верувајте ми – не беше кажано како комплимент. 

Бидејќи, како што открив со тек на време, иако Швеѓаните работат напорно и посветено, тие не мислат дека нивните работи ги дефинираат како луѓе. Генерално забележав дека луѓето имаат тенденција да имаат многу поздрав баланс меѓу животот и работата, и гледиште за себе што е пошироко од тоа што и да е што го работат за пари.

Кога се преселив од Чикаго во Шведска во 2001-ва, се посветив на градење на нов живот, нешто налик на кариера. Научив шведски, земав и часови по јазик, и предавав Англиски во разни школи и компании. Пишував и статии за неколку различни публикации, работев фриленс копи едитинг, а кога мојот шведски беше доволно добар, почнав и да преведувам. Работев долги часови, седум дена во неделата, со многу малку време за било што друго.

Уживав, но истовремено се чувствував и обврзан да функционирам така. Како Американец со еврејско потекло, имав обичај да мислам дека работата е сé. Мислев дека да се здобиеш со добро образование и да продолжиш да го градиш својот пат оттаму па нагоре – е сé во животот. Американскиот сон комбиниран со надежите на еден имигрант, претпоставувам.

Па се почувствува презиран и навреден од човекот кој ми забележа за мојата индустријалност. Но тогаш почнав да гледам околу себе малку повеќе и забележав што прават другите луѓе.

Постои еден шведски збор – lagom, кој грубо може да се преведе како „Не премногу, не премалку, токму колку што треба“. Или „умерено“, или „таман“. И иако е малку клише да се алудира на lagom кога се зборува за шведската култура, пак е добро место да се започне. Концептот на lagom, на крај краева, покренува низа од важни прашања.

Зошто да работам до прегорување (брнаут)? Зошто не би правел редовни паузи во текот на денот, вклучувајќи ја и прочуената fika, за кафе и колач? Зошто да не уживам во прекрасното шведско лето земајќи неколку недели одмор, комплетно дисконектиран од работата? Зошто секогаш морам да прашувам „што работиш?“ кога прв пат ќе сретнам некого, како нивната работа да е нивната најважна особина?

image-20161114-5075-ko9e4f[1]

Како некој што истражува и преведува литература, со особен фокус на скандинавски текстови, забележав дека нордиските книги зборуваат помалку за работата отколку нивните англиски еквиваленти. На пример, победничката трилогија на шведската авторка Kristina Sandberg’s, во која се зборува за домаќинка – Маџ, е екстремно популарна меѓу шведските читатели, кои се фасцинирани од тоа како главниот карактер го живее нејзиниот живот.

Таа го чисти домот, ги воспитува нејзините две деца, се дружи со пријатели, готви оброци секој ден, и нема надворешна окупација. Тешко е да се замисли читателите во одредени други земји да си дозволат време и задоволство да читаат 1500 страници исполнети со такви интригантни детали, иако мислам дека ќе ни биде подобро да можевме.

И додека популарноста на стриповите и графичките новели е во пораст ширум светот (делумно, а можеби и главно заради помалите количини текст, сметаме ние од редакцијата на 365), можеби само во северните земји, каде умереноста и еднаквоста се сфаќаат толку сериозно, можат стрип-автори како Lina Neidestam и Liv Strömquist да се толку успешни.

Прочитајте и:  Шведска и Финска ги повикуваат граѓаните да бидат подготвени за можноста за војна

Нивните книги имаат силни феминистички основи и се фокусираат на идеи, не на кариери. Главната хероина на Lina Neidestam – Зелда, е одвај вработена, и го поминува своето време и ја троши својата енергија расправајќи за големите проблеми со кои се соочува нашиот свет. Liv Strömquist, пак, пишува за животите на жените, нивните тела и улоги во општеството, сугерирајќи повремено дека нашиот фокус на капитализмот и моќта е тоа што прави сите ние да страдаме. Не е шок, но е штета што книгите на овие автори уште не се преведени на англиски.

Или го имате Johan Jönson, популарен поет чии колекции со по повеќе од 500 страни подразбираат изобилство од слободно време, кое шведските читатели го ценат.

Шведската култура оди чекор подалеку во последно време, правејќи потези кон шестчасовно работно време. Во многу од организациите и компаниите кои ја направија промената, забележано е дека нивниот персонал е посреќен и попродуктивен, што ја докажува поентата дека ако вработените се чувствуваат подобро, тие всушност подобро и ќе работат. Тоа е win-win ситуација.

Преработените работници ги чинат компаниите и општеството време и пари. Нив им е потребна здравствена грижа, слободни денови, регрутирање и тренинг на нивни замени. Одморените, ентузијастичните работници се чувствуваат попозитивно за своите работни места и се пострастни околу нивната работа.

Работење помалку за живеење подобро

Некои луѓе аргументираат дека шест-часовно работно време едноставно не би функционирало во општества опседнати со работата како што се американското или британското. Но со оглед на тоа колку сме станати нездрави, со растечко ниво на гојазност, несоница и стрес, нешто мора да се смени. Го претворивме напорното работење – и неговиот најдобар другар, спиењето многу малку – во етичко прашање, дури и фетиш. Знаеме колкава е штетата од недоволното одмарање, а пак се чини дека сме неволни да ја напуштиме канцеларијата, да ги игнорираме смартфоните и да се изгасиме.

Некои компании надвор од Шведска исто така експериментираат со пократко работно време и – изненадување – заклучуваат дека нивниот персонал се чувствува „освежено“ и дека ужива во екстра слободното време што го има за хобијата, семејството и пријателите. Времето вон работата исто така им овозможува на луѓето и да размислуваат на работните задачи од различни перспективи, па тие се враќаат на нивните работни бироа полни со стимул.

Можеби е време компаниите и институциите да почнат да ги респектираат своите вработени и да го скратат времето кое тие го поминуваат на работа. И можеби остатокот од светот ќе биде инспириран од Шведска, и можеби ќе почнеме да имаме повеќе fika, повеќе време за лежерно читање на теми неповрзани со работата, и повеќе lagom-ски став кон нашите работи.

Ох, и патем, уште сум индустријален – но со мерка. И никогаш не одбивам шанса за кафе и колач.

Пишува Би Џеј Епштајн, за The Conversation

- Реклама -