Шведска ќе стане првата земја што ќе постави дипломатско претставништво во виртуелниот свет на Second Life, интернет сајт кој функционира како заедница на луѓе од целиот свет.
Шведска ќе стане првата земја што ќе постави дипломатско претставништво во виртуелниот свет на Second Life, интернет сајт кој функционира како заедница на луѓе од целиот свет.
„Планираме да поставиме Шведска амбасада во Second Life (www.secondlife.com), примарно како информативен портал за нашата земја“ – вели директорот на Шведскиот институт Оле Вастберг.
Амбасадата нема да издава пасоши или визи, туку ќе ги насочува посетителите како да дојдат до нив во вистинскиот свет.
Second Life преставува 3D компјутерски-генериран виртуелен свет изграден и поседуван од неговите „граѓани“. По отворањето во 2003, тој денес е населен од повеќе од 3 милиони луѓе од најразновидни држави.
Посетете го „Втор Живот“ тука и станете негов виртуелен граѓанин (нема потреба од визи!!!)