Шведска има нов начин на рециклирање, на кој треба да смета секоја
модерна држава. Алкохолот што се криумчари во оваа земја се претвора во
биогас, кој помага во движењето на јавниот транспортен систем.
Шведска има нов начин на рециклирање, на кој треба да смета секоја модерна држава. Алкохолот што се криумчари во оваа земја се претвора во биогас, кој помага во движењето на јавниот транспортен систем.
Скоро сите 700,000 литри на прошверцуван алкохол запленет од царината, минатата година беа претворени во гориво за 1000 автобуси и еден воз на биогас.
„Ние едноставно го истуравме алкохолот, но сфативме дека можеме и некако да го употребиме“ – вели Ингрид Јерлебринк, портпарол на царината.
Пивото, виното и жестоките пијалаци се носат во фабрика во Линкопинг, 200км западно од Стокхолм, каде тие се загреваат и претвараат во биогас.
Во 2003 околу четвртина од енергијата користена во Шведска доаѓаше од рециклирани извори. Просекот во ЕУ е околу 6 проценти. Во Стокхолм, четвртина од автобусите возат на етанол или биогас.