Швајцарски град воведува плаќање со Биткоин

bitcoin

Швајцарскиот град Цуг станува првата општина што ја прифати дигиталната валута биткоин како средство за плаќање во административните работи.

Градската адмнистрација одлучи дека од 1 јули граѓаните ќе имаат можност да плаќаат за административни услуги во вредност до 200 франци. Ова е прв пат во светот некоја владина институција да прифати биткоин како средство за плаќање, пренесува Neue Zuericher Zeitung.

Цуг, град со 30.000 жители, на крајот на годината планира да ја разгледа ситуацијата и тогаш да реши дали да го прошири плаќањето со дигитална валута и во други реони.

Во последните години, повеќе од 15 компании од дигиталниот финансиски сектор почнаа со работа во околината на Цуг. Регионот го нарекуваат уште и „крипто долина“, по примерот на калифорниската технолошка „Силициумска долина“, овој пат заради криптирањето на податоците за безбедност при финансиските интернет трансакции.

- Реклама -