Швајцарија ја отвори најстрмната жичара во светот

Најстрмната жичара во светот, по малку и очекувано, ќе ги краси швајцарските Алпи.

Долга е 750 метри, a се протега од кантонот Швиц до алпското село Стус, кое се наоѓа на надморска височина од 1.300 метри.

Планирањето и изградбата чинеле 52 милиони швајцарски франци, а траеле 14 години (две години подолго од планираното). Отворена е во неделата.

Што ја прави најстрмна? За почеток, тоа што патувањето ќе трае само 4 минути, а ќе се движи со брзина од 36 км/ч. НО главното, се разбира, е тоа што на некои делови е скоро вертикална. На најстрмните делови, нагибот е 110% (што е и светски рекорд).

Колку и да звучи тоа како ролеркостер, не е. Жичарата има специјално конструирани цилиндрични кабини, кои се прилагодуваат на нагибот (се вртат како тркало со хрчак, за посликовито) и им овозможуваат на патниците цело време да седат во исправена позиција

Еве како тоа изгледа:

 

 

- Реклама -