И Швајцарија има проблем со иселување на младите

Земјите од источна и југоисточна Европа не се единствените кои имаат проблем со емиграцијата на своето население. Младите се иселуваат и од богатите земји, како Швајцарија.

Имено, сѐ повеќе Швајцарци одлучуваат среќата да си ја бараат во странство. Франција, Германија и САД, но и Австралија и Тајланд, се меѓу најпопуларните дестинации за живот.

Во последните години значително пораснал бројот на Швајцарци кои ја напуштиле земјата. Истовремено, сѐ помалку „дијаспорци“ се враќаат во земјата. Во 2017 и 2018 година, на пример, Швајцарија ја напуштиле околу 32.000 жители, а се вратиле 24.000.

Според статистичките податоци, околу 36% од емигрантите од Швајцарија се на возраст меѓу 20 и 35 години, од што произлегува дека сѐ повеќе млади ги пакуваат куферите и ја напуштаат богатата, но и скапа Швајцарија.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Другата најголема група емигранти се оние со двојно државјанство, односно Швајцарците со странско потекло, како што се Италијанците и Португалците, кои, по пензионирањето, се враќаат во своите татковини.

 

И покрај емиграцијата, сепак, Швајцарија нема проблем со демографијата, бидејќи останува земја во која луѓето продолжуваат да се доселуваат. Минатата година, конкретно, во Швајцарија се доселиле околу 55.000 странци.

- Реклама -