Поранешната фудбалска ѕвезда и еден од столбовите на германската репрезентација – Бастијан Швајнштајгер, ги пофали македонските фудбалери за вчерашната сензационална победа над Германија.
„Мојата почит за Северна Македонија. Несреќен пенал против нив, чист пенал што не го добија и овие момци сепак победија против четирикратниот светски шампион. Им симнувам капа“, порача Швајнштајгер на Твитер.
Meinen Respekt an Nordmazedonien 🇲🇰, unglücklicher Elfer gegen sie, klaren Elfer nicht bekommen und diese Jungs gewinnen auswärts gegen den 4-fachen Weltmeister. Chapeau#GERMKD
— Basti Schweinsteiger (@BSchweinsteiger) March 31, 2021