Што значи YKK на патентите?

cibzar[1]

Можеби деталов и не стигнал да ви го привлече вниманието, ама таму е.

Се работи за ознаката YKK, која ќе ја најдете на најголем број од патентите.

Зад YKK се крие компанијата Yoshida Kogyo Kabushikikaisha – најголемиот светски производител на патенти. Денес компанијата е активна во повеќе од 70 светски земји, а има вработено над 40.000 луѓе. Тоа се многу патенти, зар не?

Ја основал Тадао Јошида во 1934 година, кој е познат по неговиот принцип наречен „Циклус на добрина“. Основниот принцип на таквиот циклус е дека никој не може да напредува ако не работи за користа и доброто на другите. Затоа, Yoshida Kogyo Kabushikikaisha функционира со длабоко вкоренет став дека мора да произведува само корисни и квалитетни патенти, кои ќе траат што подолго. На нивната официјална страна стои дека од истите тие причини, тие не само што произведуваат патенти, туку и квалитетни машини за патенти, па дури и некои материјали од кои се прават.

- Реклама -