Гвидо д’Арецо познат и како Гвидо Аретински (роден во 991/992 година, умира околу 1050 година) е еден од најголемите музички теоретичари на средниот век. Тој се смета за основоположник на современата музичка западна нотација (петолинието), со која го заменува дотогашниот непрецизен, неуматски начин за нотација, што се користел во византиското пеење.
Гвидо е роден во Италија и го добива своето образование во бенедиктински манастир во близина на Ферара. Додека е во манастирот Гвидо ја забележува тешкотијата со која што пејачите се соочуваат при меморирање на Грегоријанската песнопенија.
Поради завист на другите монаси околу 1025 година тој се сели во Арецо, за да ги обучува пејачите од катедралата во градот. Таму ја измислува основата на петолинието – четири паралелни линии, од кои секоја одговара на одреден тон, на почетокот означен со буква.
Врз линиите и помеѓу нив ги става неумите кои веќе многу попрецизно ја посочуваат висината на тоновите. Со текот на времето неумите се трансформираат во квадратни ноти кои последователно се здобиваат со денешната овална форма.
Во теориската дејност Гвидо секогаш се раководел од практичните потреби на музичарите. За најлесно помнење на мелодијата тој ја воведува секвенцата на шест степени (хексакорд) и ја означува секоја од нив со слог.
Слоговите ut, re, mi, fa, sol, la се земени од почетните слогови од првите шест стиха на химната за св. Јован Крстител:
UT queant
laxis RE sonare fibris
MI ra gestorum
FA muli tuorum
SOL ve polluti
LA bii reatum
S ancte Ioannes
Подоцна кон нив се додава и ознаката на тонот “си”, кој се добива од првиот слог во седмиот стих Sancte Ioannes, а ut се заменува со благозвучното “до”.
Преведени на македонски јазик имињата на нотите значат:
До – Dominus – Господ
Ре – Rerum – Материја
Ми – Miraculum – Чудо
Фа – Familias Planetarium – Седумте планети, односно Сончевиот систем
Сол – Solis – Сонце
Ла – Lactea Via – Млечен пат
Си – Siderae – небеса
Музичката нота е графички симбол за означување на музички тон. Поставени во систем, нотите укажуваат на должината и висината на тонот.