Иако треба да помине доста време и да се стекне искуство за да станете врвен фотограф, тоа не е причина да се обесхрабрувате. Барем денес можете да се образувате во таа смисла – Интернетот е преплавен со корисни совети. Еве неколку основни до кои треба да се придржувате додека го „ловите“ совршениот момент.
Иако треба да помине доста време и да се стекне искуство за да станете врвен фотограф, тоа не е причина да се обесхрабрувате. Барем денес можете да се образувате во таа смисла – Интернетот е преплавен со корисни совети. Еве неколку основни до кои треба да се придржувате додека го „ловите“ совршениот момент.
Внимавајте на позадината
Потрудете се позадината да не го одвелекува вниманието од објектот кој го сликате. Едноставната и ненаметлива позадина го истакнува објектот. Некогаш заради тоа се исплаќа да се обидете да најдете подобар агол за фотографирање или едноставно да го промените местото на кое стоите.
Приближете се
По правило, колку поблиску сте до предметот кој го фотографирате, фотографијата е подобра. Приближувањето ја елиминира непосакуваната позадина која го одвлекува вниманието од објектот кој се фотографира. Фотографирајте го истиот така што сликата ќе ја исполните со јасен и интересен мотив. Проверете во упатството за употреба колку најмногу можете да се приближите со вашиот фотоапарат за да добиете остра фотографија. Голем број од поедноставните фотоапарати не можат да фотографираат на дистанца помала од 1,2-1,5 метри.
Објектот нека не биде секогаш во средината
Нема ништо лошо во тоа ако личноста која ја фотографирате е во средината на фотографијата. Сепак, обидете се понекогаш да ја сместите на едната страна и со тоа ќе постигнете динамична композиција која е поинтересна за окото.
Опфатете ги и блиските предмети
Кога фотографирате пејзажи и одалечени објекти, вклучете ги во фотографијата и преметите кои ви се блиску. Тие ќе и дадат длабочина и перпектива на фотографијата.
Бидете „невидливи“
Кога фотографирате луѓе идеално би било тие да се занимаваат со некоја активност. Тогаш нема да ви обрнуваат внимание и на фотографијата ќе се почувствува спонтаноста.
Препознајте го доброто светло
Доброто светло ќе направи фотографијата да биде „пластична“, со убави бои и допадлива за оној за кого сте ја направиле. Запамтете дека силната сончева светлина не е секогаш најдобрата светлина за фотографирање. Многу јакото сонце дава остри сенки на лицето и ја прави „замижана“ личноста која е на фотографијата. Облачното небо дава „меко“ светло кое е идеално за портрети.
Држете го фотоапаратот цврсто или користете блиц
Понекогаш потенцијално добртата фотографија не успева бидејќи се забораваат некои основни правила. Мирното држење на фотоапаратот е услов за остра фотографија. Кога ќе го притиснете копчето, направете го тоа нежно, бидејќи и мало помрднување на фотоапаратот може да предизвика заматеност. Најдете погоден потпирач за вашата рака (маса, автомобил) или употребете мал статив. Блицот кој е вграден во вашиот фотоапарат не е корисен само ноќе и на затворен простор. Користете го на стемнување и кога сонцето е јако за да ги ублажите острите сенки. Проверете во упатството за користење колку е јак вашиот блиц. Од тоа зависи опсегот на осветлување на објектите и обично се движи од 1,5 до 4,5 метри.