Го започнувате денот со кафе, ручате брза храна, вечерате чипс? Ако потврдно одговорите на прашањево, тогаш сте во голема опасност да си го загрозите здравјето.Услов за добро здравје и виталност е здравата, природна исхрана.
Здравата исхрана подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали во текот на денот.
Експертите советуваат денот да го започнете со хранливи состојки: протеини, јагленохидрати, природни влакна, витамини и минерали. Ако списокот ви изгледа долг, не се обесхрабрувајте. Сите наведени состојки може да ги сместите во една чинија. Потребни ви се само житарки кои се подготвуваат брзо и едноставно.
Нутриционистите препорачуваат за појадок да изедете житарки, за кои се вели дека се благослов за организмот. Најдобро е при купување на житарки да внимавате дали поседуваат сертификат за потеклото како и дали се произведени по методот на органско земјоделие.
Во Македонија фармацевтска компанија со уникатна и високо-квалитетна палета на конвенционални и органски производи е ПРОДИС. Житарките ДанкаД се произведени од суровини без употреба на вештачки ѓубрива и пестициди што дозволува да се добие производ кој по индикаторот за безбедност е со пет пати повисоки стандарди од препорачаните. Житарките поседуваат органски сетификат за потеклото кој го потврдува највисокиот квалитет и чистота на производот и не содржат генетски модифицирани состојки, а во нив се содржат разни полезни состојки: протеини, јагленохидрати, природни влакна, витамини, B1, B2, B6 и B12 и минерали.
За уште поздрав почеток на денот, кафето заменете го со чај, и тоа не со било каков. Експертите препорачуваат органски чаеви, кои се совршена комбинација на личната и природната хармонија. Органските чаеви нудат гаранција за безбедност на суровините. Тие се 100% природни производи. ПРОДИС нуди и широка палета на органски чаеви Мак Сан од камилица, коприва, нане, липа, шипка со хибискус и бројни други вкусови.
Одлична вест за љубителите на здравата храна е дека во текот на декември житарките ДанкаД се продаваат по намалени цени, а во четврток, петок и сабота во текот на целиот месец може да се дегустираат во поголемите маркети во Скопје.