Се прашувате дали вашиот ‘романтичен’ статус ќе се смени во ‘in a relationship’? Фејсбук можеби го има одговорот пред вие да го имате. Како дел од студија на тема- врски, превземена од гигантот во социјалните мрежи за Денот на вљубените, научниците ги анализирале податоците од Фејсбук, тајмлајн постовите помеѓу корисници на Фејсбук кои влегле во врска.
Водачот на студијата Карлос Дуик вели дека студијата покажала дека 100-те дена пред да се смени нивниот романтичен статусот, бројот на тајмлајн постовите значително се зголемил.
Износот на размена на постови достигнува врв на 12-тиот ден пред да објават дека се „во врска“, со 1.67 постови на ден, според Venture Beat.
Сепак после тоа, активниста на тајмлајн постовите се намалува.
„Веројатно, двојките одлучиле да поминат повеќе време заедно, додворувањето е завршено, и онлајн интеракцијата дава шанса за интеракција во физичкиот свет“, пишува Дуик во својот блог.
Дуик исто така анализирал како сентименталноста на тајмлајн постовите се менувала со тек на време, и пронашол дека позитивните емоции значително се зголемиле околу денот кога нивната врска “започнала“.
Тој вели дека иако бројот на меѓусебни постови се намалил одткако го смениле статусот „во врска“, сентименталноста на постовите станала „послатка“. Ова е поради годишнините и посебните моменти поминати заедно.
Студијата вклучила податоци од 460,000 двојки и 18 милиони постови, вели Дуик.