Што се случува со вагината за време на сексот

Бројни истражувања укажуваат на тоа дека жените не го познаваат најдобро своето тело. Дека сексот носи уживање, тоа го знаат сите, но што навистина се случува „таму доле“ во текот на сексот, знаат уште помалку жени.

Ова се најзначајните реакции за време на сексот:

1. Кога ќе дојде до секс, крвните садови на вагината се шират па така до неа доаѓа големо количество на крв. Започнува лачење на секретот кој е богат со протеини и аминокиселини, а илјадници нервни завршетоци на интимното подрачје се активираат.

2. Клиторисот се зголемува, а кај некои може и тројно да се издолжи. Овој дел од вагината за време на сексот се кочи, а игра голема улога за време на сексуалното уживање.

3. Цервиксот омекнува, а кај 10 проценти од жените води кон уште еден, друг феномен – контракција и зајакнување на мускулите на карлицата кои можат да предизвикаат лачење на течност од уретрата. Не станува збор за урина, туку за течности богати со природни шеќери и ензими, кои за многу мажи е и тоа како привлечна.

- Реклама -