Постои широко распростането верување дека ако проголтаме мастика таа ќе остане во организмот во текот на следните седум години.
Сепак, вистината е поинаква.
Реално, на мастиката и е потребно подолго време за да ја свари организмот, но не до толку.
Екипата од Wanderpolisа одлучи да истражи што всушност се случува во нашиот организам кога ќе проголтаме гума за џвакање. Испаѓа дека истата се обработува како и другите јадења.
Шеќерот или засладувачите веднаш се раствораат додека останатите состојки се пробиваат низ организмот, па организмот од нив ги зема хранливите состојки ако постојат, а остатокот го исфрла од телото.
Мастиката не се задржува во нашето тело, само нејзината база малку побавно се вари, бидејќи составот е поотпорен. Докторите проценуваат дека на телото му се потребни околу 48 часа за да ја исфрли гумата од организмот.