Што се случува со изметот од авионот?

Поранешниот пилот Патрик Смит, откри што се случува кога во текот на летот ќе повлечете вода во тоалетот, дали и колку е опасно користењето на мобилни телефони, може ли да се отвори вратата на авионот додека летате?
Во книгата „Cockpit Confidential” овој пилот одговори на прашањата кои најчесто го мачат патниците. Постојат бројни полемики во врска со тоа дали енергијата која ги емитува мобилните телефони може да му попречи на електронскиот систем на авионите кои евентуално би можеле да предизвикаат негов пад.

„ Патниците би требало да знаат дека забраната за користење на компјутери, iPod и слични уреди нема врска со препреки во електронскиот систем на авионот“, вели Смит. „Вашиот компјутер е дел од багажот, а тој мора да биде  на страна за да не убие некој или се испречи на патот во нечие лице во случај на турбуленции“.

Тој објаснува дека комуникацијата со мобилен телефон во авион би можела потенцијално да го попречи електронскиот систем и опремата на авионот, но не се големи шансите да се случи тоа, бидејќи опремата е посебно дизајнирана и заштитена од препреки. Иако до сега немало случај на несреќа поради мобилен телефон Смит вели: „Никогаш не се знае“.

Дури и ако патувате често со авион и веќе сте навикнале да летате, турбуленциите понекогаш можат да бидат вознемирувачки. Пилотот нагласува дека турбуленција не значи опасност, дека тоа не е знак на паѓање на авионот, туку сосема нормална работа во текот на летањето, која е подеднакво непријатна и за вработените.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Како напредувала технологијата така се подобрувале и условите за патување, некои работи се променети дури и кога станува збор за тоалетот.

Во осумдесетите години на минатиот век, во тоалетите се користела сина течност која го „двоела“ изметот до скадишта кои биле наменети за тоа. Меѓитоа, поради оваа течност авионите биле тешки, па им бил потреба и поголема количина на гориво. Помкрај тоа,  постоела и опаснот течноста  фа се разлее, што би резултирало со „дожд од измет“ над градовите.

За среќа, оваа течност во модерните авиони е заменета со вакуум. Така што, кога ќе пуштите вода во тоалетот, вентилот се отвора и изметот низ одводен канал се „вшмукува“ во резервоар кој е определен за тоа.

По слетувањето тим од луѓе се грижи за исфрлање на отпадот.

Ако некогаш сте се прашувале дали е возможно да се отвори вратата во текот на летање – Смит вели дека тоа е невозможно. „ Не можете да ги отворите од едноставна причина што притисокот во кабината нема да го дозволи тоа“.

- Реклама -