Што се случува со работниците кои ги прават нашите омилени патики?!

Повеќе од  200 работници во текстилни фабрики во Камбоџа, кои работат за брендовите „Адидас“ и „Пума“, биле пренесени во болица  поради масовна исцрпеност и паѓање во несвест.

Вчера 118 работници паднаа во бессознание во две фабрики и потоа беа примени во болница со растројство и повраќање.

Од третата фабрика со истите симптоми иле примени 61 работници.

Како причина за ова се наведува,  неквалитетната храна, која фабриките ја обезбедиле за работниците. Во првиот случај дополнителен фактор бил и лошиот воздух во просторот.

Во четврта фабрика 50 работници паднаа во бессознание по прскање со отров против инсекти.

kambodza

Во текстилниот сектор во Камбоџа работат околу 650.000 лица, од кои 400.000 се во фирми на подизведувачи на големи меѓународни брендови. Овој сектор е со огромно значење за економијата на Камбоџа.

Синдикатите долго време ги критикуваат условите за работа во фабриките за текстил.

- Реклама -